ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ако падне Џафери, паѓа Владата – затоа Ковачевски не го осудува неговото дивеење

Ако падне Талат Џафери, паѓа Владата, затоа Димитар Ковачевски прави будала од себе и не смее да го осуди дивеењето во Собрание, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со аудиоснимката која излезе во јавност, а на која се слуша претседателот на парламентот како со навреди им се обраќа на вработените во собраниските служби.

„Ковачевски е толку уплашен од Џафери што вчера мораше да гледа и фудбал со него, само за да покаже пред јавноста дека стои зад Џафери и да го понесе срамот врз себе. До кога Ковачевски ќе продолжи да прави будала од себе за да не му излезе ДУИ од Влада? Сите го слушнаа Талат Џафери како пцуе вработени во Собранието и врши мобинг врз нив, само Ковачевски едвај чека јавноста да заборава на случајот, за да не мора да го осуди Џафери и да не му се налути ДУИ. Ковачевски само за да остане на власт е спремен да премолчи сè, па дури и малтретирањето на вработените во Собранието од страна на Џафери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во дел од нивната реакцијата.

Аудиоматеријалот се појави минатата недела и за него се тврди дека е снимен во Собранието, а се слуша како Џафери ги повикува дел од вработените во службите кај него и потоа им се обраќа и зборовите „бегај, бегај, „сус бре“, но се користат и пцости.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button