ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јавниот превоз недостапен за лицата со посебни потреби

Лицата со посебни потреби сметаат дека кај нас состојбата е алармантна во однос на нивниот пристап до јавниот превоз. Елена Кочоска вели дека дел од автобусите се достапни за лицата со попреченост, но само за оние во инвалидски колички, но не и за други лица со попреченост. Сепак, според неа, свеста во општеството е многу ниска кон лицата со попреченост.

Сувад Захировиќ, од Информативниот центар за за лица со попреченост кој работи во Босна и Херцеговина, вели дека иако балканските држави ги ратификувале меѓународните конвенции, тие имаат многу мала примена во пракса.

 “Во Босна и Херцеговина ситуацијата е слична, 01:14 Поради патната инфраструктура и автобуските станици. Тие наидуваат на многу потешкотии до јавниот превоз, а исто така и откако ќе го напуштат истиот. Она што е уште поинтересно, во јавниот превоз не е вграден звучен информативен систем за слепи или лица со оштетен слух“, изјави  Сувад Захировиќ- Информативен центар „Лотус“ за лица со посебни потреби во БИХ

Институциите кај нас немаат официјална бројка на лица со посебни потреби. Единствените податоци што ги поседуваат се оние на Светската здравствена организација, според која лицата со посебни потреби сочинуваат 15% од вкупното население. /Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button