ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Министерката за култура ги крие членовите на комисиите кои ќе наплатат хонорар од 4,5 милиони денари за скандалозната Годишна програма

ВМРО-ДПМНЕ: Министерката за култура ги крие членовите на комисиите кои ќе наплатат хонорар од 4,5 милиони денари за скандалозната Годишна програма

Бисера Костадиновска-Стојчевска не кажа кои се членовите на комисиите кои се потпишале на скандалозната програма на Министерството за култура, без концепт и стратегија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштение од партијата обвинуваат за уцени и прашуваат дали министерката лично ги носела одлуките при избор на проектите за Годишната програма. Министерката не само што треба да ги соопштите нивните имиња, туку нејзина обврска е да ги соопшти и нивните професионални квалификации, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако не знае Костадиновска-Стојчевска, бидејќи досега не била дел од културата, тогаш ќе ѝ објасниме ние, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, пресовите на министерот при објавувањето на Годишната програма се одржуваа во присуство на сите членови на комисиите, затоа што со буџети со износи од 9 000 000-12 000 000 денари само во националните театри, не сме имале од што да се срамиме. Воедно, Костадиновска-Стојчевска треба да одговори дали членот на комисијата за музејска дејност е наставник по англиски јазик и нема никаква допирна точка со музејската дејност? Дали членот на комисијата за визуелни уметности е сè уште студент?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Комисијата за заштита на културно наследство сега е составена од членови кои немаат ниту научно звање, а за потсетување на јавноста, минатата година член на истата комисија беше именуван наставник по биологија.

„Нека ни каже министерката дали назначената претседателка на комисијата за интердисциплинарни дејност, освен што е истакнат активист на СДСМ е и член на извршната канцеларија на Младинскиот културен центар во Битола, па дали тоа не е конфликт на интереси, дотолку повеќе, што во оваа дејност се доделени 656 000 денари за проектот ‘Битола отворен град 2024’ во организација на истиот тој МКЦ. Притоа, голем дел на членовите на комисии се повеќе препознатливи по својот партиски отколку професионален ангажман“,

се наведува во соопштението.Хонорарот на 50 лица е околу 90 000 денари или вкупно за сите 4 500 000 денари, народни пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат дали сите тајни членови на комисиите се навистина кредибилни или главниот предуслов е партиската препорака.

За министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, Годишната програма на Министерството за култура е транспарентна. Таа вчера во интервју за Канал 5 кажа дека комисиите кои ги разгледувале пријавите предложиле програма која ги содржи начелата на Конкурсот, а кои се однесуваат на креативност, уникатност и нега на традиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button