ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ најави дополнителни амандмани во Законот за државјанство

ВМРО-ДПМНЕ најави дополнителни амандмани на Законот за државјанство. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, соопшти дека во моментов пратениците ги разгледуваат амандманите на Владата и албанската опозиција, кои, како што рече, биле доставени без воопшто да се консултираат со ВМРО.

Од Алијанса за Албанците и Алтернатива велат дека откако македонската опозиција ќе ги разгледа подготвените амандмани, очекуваат што е можно поскоро да се закаже нова седница на Комисијата за одбрана и безбедност и нацрт-законот за државјанство што побрзо да биде усвоен.

„Имаше такво барање разни субјекти да го видат тој договор или оние амандмани што ги поднесовме кои ќе бидат именувани како ‘амандмани на комисијата’, иако сум убеден дека ги имале амандманите по разни канали, но имаше такво барање и нема причина зашто да не им ги дадеме да ги видат, нека знаат и тие за што ќе се дискутира и што ќе се гласа во Комисијата“, рече Сурија Рашиди, АА-Алтернатива.

По постигнувањето договор меѓу Владата и албанската опозиција, вчера во Комисијата за одбрана и безбедност во Собрание започна седницата за продолжување во второто читање на предлог-законот. Владата и Алијанса-Алтернатива подготвија 10 амандмани, но ВМРО вчера успеа го одложи почетокот на усвојувањето на амандманите со процедурални говори, барајќи јавна дебата со вклучување на релевантни институции и експерти.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button