ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Претседателот Пендаровски да не го потпишува законот за попис

СДСМ сака политички попис, не прифатија фингерпринт терминали и одат
на попис со однапред договорени бројки, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во своето партиско соопштение повикувајќи го претседателот на државата, Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за попис.

Во текстот меѓу другото се наведува:

СДСМ целосно одби употреба на фингерпринт терминали при попишување, со
што ќе може да се попишат само оние кои се реално присутни, односно резидентно
население. Доколку власта сака статистика, тогаш немаше да има воопшто проблем
со употреба на фингерпринт терминали.

Заев сака попис кој е однапред договорен, со испазарени бројки.

Заев ќе спроведува попис со едноставно диктирање на матични броеви без
дополнителна проверка.

После се разумот е последното нешто кое го очекуваме од Заев, но затоа го
повикуваме претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за попис
и да го спречи овој фалсификат во обид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button