ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ продолжува да собира потписи од граѓани за укинување на Законот за попис

До крајот на неделава, ВМРО-ДПМНЕ очекува да ги собере 100.000 потписи потребни за укинување на Законот за попис. Досега партијата на Мицковски собра скоро половина од потписите, додека очекува уште помасовна поддршка во наредните денови.

Од ВМРО велат дека големиот број собрани потписи ќе ги обврзат и пратеници од парламентарното мнозинство, да го поддржат одложувањето на пописот на населението. СДСМ ја обвинува опозицијата за собирање партиски потписи и дека нема да успее да го поништи законот. Социјалдемократите оценуваат дека иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ само ги зајакнува аргументите за потребата од попис на населението во земјава. Целосната методологија за попис мора да биде објавена до 1 март, вклучително и апликацијата преку која мора да се регистрира дијаспората. Нивниот попис започнува следната недела, додека според законот, пописот на државно ниво е предвиден од 1-21 април.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button