ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата првин треба да ги тргне рацете од судиите и обвинителите, а не да им ги зголемува платите

Владата треба да ги ослободи судиите и обвинителите од притисоци и да овозможи владеење на правото, а не прв чекор да ѝ биде зголемувањето на нивните плати, се вели во писменото соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ објавено утрово.

Реакцијата е во рамките на 2 100 амандмани што пратениците на опозициската партија вчера ги поднесоа во Собранието со цел преку филибастеринг да го спречат носењето на четирите закони со кои се предвидува покачување на платите на судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

„Во услови кога довербата на граѓаните во правосудството е само три отсто, власта зголемува плати, наместо да се зафати со реформи и тргање на рацете од судската власт. Владата не треба да им ги зголемува платите на судиите и обвинителите, туку првин да ги ослободи од притисокот и да овозможи владеење на правото, а не владеење на непотизмот, криминалот и клиентелизмот“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button