ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО и СДСМ продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно дека се блиски со бугарските политичари

ВМРО и СДСМ продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно дека се блиски со бугарските политичари

И додека официјална Софија бара да бидат изоставена од изборната кампања во Македонија, двете најголеми политички партии продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно дека се блиски со бугарските политичари кои го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ. СДСМ објави фотографии од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и претседателската кандидатка Гордана Силјановска со бугарскиот пратеник Андреј Ковачев.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Ковачев ги поддржал СДСМ и нивниот кандидат Стево Пендаровски, а дека фотографиите што ги објавиле се стари.

„Тие се обидуваат да шират лажни вести со стари фотографии. Луѓето паметат дека СДС и Пендаровски беа главните промотори на негативната бугарска политика. Прво, Стево Пендаровски беше тој што гордо рече дека добил политичка поддршка од Андреј Ковачев. Второ, Стево Пендаровски беше тој што ги застапуваше идеите на Ковачев дека Гоце Делчев е Бугарин, а по оваа бесрамна изјава на Пендаровски, неговиот пријател Ковачев го пофали и ја искористи како аргумент во Брисел и Софија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во пресрет на предизборната кампања зачестија обвинувањата за тоа кој е најголемата пречка на патот кон ЕУ./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button