ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Клиниката за инфективни болести во Скопје нема слободни кревети

Новиот бран болни со ковид 19 е многу порано отколку што можеше да се предвиди, оценува инфектологот Фадил Цана. Тој додаде дека веќе нема слободни кревети на Инфективната клиника во Скопје, додека возраста на заразени од овој вирус е од 25 години па нагоре.

„Капацитетите на Клиниката за инфективни болести се пренатрупани. Од вчера нема слободен кревет. Што се однесува до нормалната возрасна група, огромното мнозинство се уште е најстарата возрасна група, но во овој бран, сепак, се напаѓаат и помладите возрасни групи. Главно, во Клиниката за инфективни болести има значителен број хоспитализирани од млада возрасна група, од 25 години па нагоре“, рече Фадил Цана, инфектолог.

Цана, исто така, критикуваше некои од мерките што ќе започнат со имплементација од утре. Тој рече дека е дискриминирачки луѓето што се заразени со корона вирус и не се вакцинирани да бидат ограничени во нивното движење или нивното слободно движење да важи само 45 дена по прележување на ковид 19. Според него, пренесувачи на вирусот се и вакцинираните со две дози.

„Во моментов, немаме случаи што се повториле на луѓе што го поминале ковид 19. И, ако треба да биде привилегирана за да се посетуваат тие области врз основа на препораките на Министерството за здравство, треба да биде оваа категорија, потоа категоријата вакцинирани. Што би се случило со луѓето кои примиле две вакцини, имаат сертификат, но не го поминале ковид и зборуваме хипотетички, по еден месец тој посетува затворена средина, но е позитивен бидејќи доказите од нашето клиничко искуство зборуваат дека тие луѓе можат да се заразат повторно со вирусот“, изјави Фадил Цана, инфектолог.

Меѓу мерките што утре ќе стапат на сила е онаа што во објектите и локалите ќе можат да влезат и лица кои го прележале ковид 19. Според министерот за здравство Филипче, ова ќе важи само 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button