ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Македонија паѓа довербата во ЕУ, од над 70%, сега е 53%

Според последното истражување „Балкан барометар 2021“ на Регионалниот совет за соработка, кооснован од ЕУ, поддршката за пристапување во Европската унија во Македонија паднала на 53 отсто. Тој процент во минатото секогаш бил повеќе од 70 насто. На ниво на цел Западен Балкан, 63 отсто од испитаниците поддржуваат членство во ЕУ, а 8 отсто се против. Неутрален став имаат 27 отсто.

Од испитаниците од Македонија, објавува „сдк.мк“, 21 отсто веруваат дека земјава ќе стане членка на ЕУ до 2025 година, 31 отсто до 2030 година, а исто толку воопшто не веруваат дека некогаш ќе биде примена во ЕУ. Македонија уште во април 2018-ттата доби препорака да ги почне пристапните преговори, но нив првин ги блокираше Франција, а сега Бугарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button