СВЕТ

Во САД се судриja комбе и камион – 9 лица загинаа, преживеа двегодишно дете

Во САД се судриja комбе и камион – 9 лица загинаа, преживеа двегодишно дете

Откако комбе и товарен камион се судрија во петокот во Висконсин, загинаа девет лица – меѓу кои седум членови на заедницата на Амишите. Од комбето при судирот испаднало единственото дете (2) кое ја преживеало несреќата.

Го спасил човек кој бил сведок на несреќата.

„Мислам дека Бог ме стави таму со причина“, изјави Натаниел Јан за весникот, додавајќи дека за жал не можел да им помогне на другите бидејќи комбето набрзо се запалило. Во несреќата загинале двајцата возачи и седум сопатници. Речиси сите жртви во комбето биле Амиши од заедницата Буркс Гарден во Вирџинија, пишува Fox News.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button