ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Вашингтон стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД

Денеска во Вашингтон е најавен првиот стратешки дијалог помеѓу Северна Македонија и САД. Македонската делегација ја предводи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а во нејзин состав се и министерката за одбрана Славјанка Петровска министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за култура Бисера Костадиновска.

Дополнително, преку видео-конференциска врска на Стратешкиот дијалог ќе се приклучи и заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. „Значајно место во разговорите ќе имаат и темите од областа на регионалната соработка, одбраната и безбедноста, енергетиката, економската соработка, трговијата и инвестициите, културната соработка, како и прашањата од областа на образованието, демократскиот развој, борбата против корупција и сл.

Воедно, ќе стане збор и за евроинтегративните процеси на Северна Македонија и регионот, идното претседавање на земјава со ОБСЕ во 2023 година, како и актуелните безбедносни предизвици и нивните импликации врз трансатлантската безбедност“, се наведува во соопштението на македонското Министерство за надворешни работи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button