ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во вторник е Курбан Бајрам, Скопје повторно нема место за продажба на курбаните

Во пресрет на празникот Бајрам нема одредени места за продажба на курбаните. Продавачите се снаоѓаат кој како може. Поради тоа велат дека има и мал, интерес за купување. Граѓаните пак, се жалат на високите цени. На продажното место во Арачиново имаше голем број животни кои им се нудеа на граѓаните по различни цени, почнувајќи од 100 евра, па нагоре.

„Претходните години продававме и во Скопје. Сега стопираа таму, продажбата ослабе, не нè оставаат никаде да продаваме. Оние во Скопје, каде да дојдат, има жени што купуваат, како да дојдат во Арачиново или на друго место?, вели еден продавач.

„Излеговме да купиме, но не знам што да кажам, нема доволно пари, цените се малку високи. Ако стигне, ќе купиме помал курбан“, рече еден граѓанин.

„Оваа година е малку поскапo во споредба со другите години, цените се повисоки. Кои цени ги имате за овие што ги имате овде? Имаме од 120 до 300 евра“, вели еден трговец.

„Би сакал да купам овен, да видиме, има уште два дена, рано e. Постои решение, луѓето прво само шетаат, гледаат, а потоа одлучуваат што да купат, овци или овен“, рече еден граѓанин.

Во меѓувреме, од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ почнаа да поставуваат контејнери за остатоците од курбаните, бидејќи во повеќето случаи отпадот завршувал дури и на средината на улиците.

„Со единствена цел по празникот да не се случат работи што не сакаме да ги гледаме како граѓани по улиците, како што се отпадоците од курбаните. Ќе има тимови кои ќе внимаваат да не се трупаат бидејќи има високи температури, пандемија е и лето е“, изјави Абдулсамед Шабани, ЈП „Комунална хигиена“.

Дваесетте специјални контејнери од комунална хигиена ќе бидат поставени на различни локации во Шуто Оризари, Бутел, Чаир, Гази Баба, Сарај и Арачиново. Курбан Бајрам се слави во вторник на 20 јули.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button