ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработените во Управата за матични книги продолжуваат со штрајкот

Вработените во Управата за матични книги продолжуваат со штрајкот

Вработените во Матично неколку часа го парализираа сообраќајот во Скопје во знак на протест поради ниските плати и бараат да се потпишат колективните договори. Претставниците на синдикатот велат дека нивните вработени и понатаму земаат минимална плата од 18.000 денари. Нема да се вратат на работа сè додека не се прифатат нивните барања.

Вработени во Управата за водење матични книги велат дека повеќе од еден месец се соочуваат со голем притисок за да го прекинат штрајкот.

„Првиот притисок е од нашата дирекција дека ќе ни земат 40% од платата. Уште тоа фали, бидејќи имаме многу голема плата. Би го замолил директорот тоа да не се случи, туку да се забрза постапката за да се најде решение, да не се кратат платите на вработените зашто некои имаат и кредити“, изјава Насер Џемаили, Синдикат на вработените во матичните книги.

Од матичната служба велат дека ако Владата не прифати потпишување на Колективниот договор со Самостојниот синдикат на Управата за водење на матични книги, следната недела ќе блокираат повеќе улици низ Скопје. Во меѓувреме, изводите од матичните книги ќе им даваат само на граѓани со итни здравствени потреби.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button