ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Претпладне облачно, попладне и навечер нè очекува дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи.

Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса, врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.

„Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб доумерен ветер од јужен правец. Минималната тепература ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 25 степени“, велат од УХМР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button