МАКЕДОНИЈА

За брзо возење 263 санкции на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, се казнети 263 возачи.

Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од МВР денеска информираа дека 127 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button