ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За туристичка промоција, Струга ќе троши и на „инфлуенсери“

Новинар: Мики Трајковски

Локалните власти во Струга за туристичка промоција на градот оваа година ќе потрошат околу 58.000 евра. Станува збор за програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите која неодамна ја изгласа мнозинство на ДУИ и СДСМ во Советот на општината. За подготовка, обработка и печатење на промотивни материјали се предвидени 300.000 денари. ВМРО и Алијанса на Албанците реагираат дека станува збор за нереална програма.

„Средствата предвидени за овој буџет за промоција на туризмот се предимензионирани и не се во дослух со можностите и средствата кои општината ги има на располагање. Како организиран начин на рекламирање и делење на таков вид на рекламен материјал со години наназад не сме виделе речиси ништо…“, изјави Никола Кукунеш-советник од ВМРО ДПМНЕ.

„Во изминатите години не видовме некој пропаганден материјал или нешто во тој правец, да се промовира или да се подготвува, а не пак да се присуствува на некои посериозни саеми за да се промовира туризмот, бидејќи ние како Струга сме туристички град и очекуваме најголеми приходи од ставката туризам“, рече Нијази Џумкар- советник од Алијанса на Албанците.

За продукција на фотографски и видео-материјали за туристичките потенцијали ќе се потрошат 220.000 денари, за билборди, реклами, блогери и инфлуенсери, 300.000 денари. За учество на саеми и форуми надвор од државата и во Струга, еден милион денари.
Туристички работници сметаат дека Струга недоволно самостојно се претставува во странство.

„Го нема тоа на жалост. Ќе дојде некој гостин да ми побара нешто од општината, а немаме, а добро е да има“, нагласи Боро Симјаноски-угостител.
Инаку, дел од активностите за оваа година се пресликани од програмата за 2021 година за кога беа издвоени 73.000 евра./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button