ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Постапката за набавка на софтверот од страна на Рашковски е легална

Постапката за набавка на софтверот од страна на поранешниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е законска, вели премиерот Зоран Заев. Сепак, додава дека судот го има последниот збор. Ова е ставот на премиерот Заев, откако Рашковски беше спроведен пред обвинител. Заев рече дека во Обвинителството ги доставиле сите документи од постапката за набавка со се до доказите за тестирање на функционалноста на софтверот.

За приведувањето на Рашковски реагираше и ВМРО ДПМНЕ. Пратеникот Антонијо Милошоски изјави дека опозицијата уште пред три години алармираше дека кај Рашковски постојат индиции за извршен криминал. Тој рече дека Обвинителството треба да го повика и Зоран Заев.

Според Милошоски, алармот на ВМРО ДПМНЕ дека постојат сомнежи дека кај Рашковски има криминал, воопшто не биле земени во предвид од страна на власта, затоа што тој е близок човек на премиерот.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button