ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Сите знаат што е воочено, но да не избрзаме

12 дена по трагедијата во Тетово никој не кажува како избувнал пожарот. Тетовското обвинителство уште не ги утврдило причините, ниту пак дошло до основи на сомневање за сторено кривично дело.

„Случајот е сè уште во предистражна постапка“., наведуваат од Обвинителството.

Четворицата германски крим – техничари, од својата татковина ќе испратат извештај за тоа што тие увидоа во изгорената болница. За нивно мислење ќе се чекаат дополнителни две недели, најави премиерот Заев, кој има одредени сознанија за трагедијата, но се додека не излезат официјалните извештаи, нема да открива што мисли за причините за трагедијата. Тој очекува извештаите со сознанијата за несреќата да бидат објавени до крајов на неделава. Прашан за квалитетот на модуларните болници и нивната сигурност, Заев вели дека нема друго решение освен модуларни болници во време на пандемија.

„Кога ќе тргнеме во одговорноста треба да ја гледаме насекаде. Не верувам ниту министерот Венко Филипче, ниту директорот на болницата дека го отворил овој шкаф којшто ми го посочувате за струја, така. – А кој го отворил? – Па тие треба редарите да го чуваат? Може граѓанин го отворил. Можеби вработен во институцијата го отворил. Можеби инсталатери – електричари коишто работеле не го затвориле на крајот. Што треба сите да се посипаме со пепел или со бензини да се запалиме? – Не, затоа според стандардите треба да има човек којшто ќе го одржува објектот. – Секаде има луѓе коишто ги одржуваат согласно стандардите“ , изјави премиерот Заев.

Министерката за труд, Јагода Шахпаска не открива кој вршел надзор над градбата и кој потпишал технички прием на сега веќе изгорената болница.

„Ова прашање коешто е во интерес на истрагата не можам јас да го одговарам, ниту е дел од моите обврски за јас да одговорам на ова прашање“, рече министерката Шахпаска.

Одговор на ова прашање и натаму бараат истражителите. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција уште ги анализира документите на министерството за начинот на градбата на сите 19 изградени модуларни болници во земјава.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button