ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Закон за минимална плата, Работодавачи: Немавме можност за консултација со членството

Закон за минимална плата, Работодавачи: Немавме можност за консултација со членството
Од организацијата на работодавачи на Македонија реагираат дека непосредно пред усвојувањето на законот за минимална плата на седницата на владиниот економско социјален совет немале можност да ги консултираат нивните членки, рече претседателката на Организацијата на работодавачи, Владанка Трајковска, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат.

„Побаравме да ни биде дозволено да го консултираме членството во тој дел, но бидејќи одлуката беше во моментот да се носи измената на законот и износот кој ќе биде дефиниран како минимална плата, Организацијата на работодавачи гласаше воздржано, сѐ со цел да си обезбедиме простор да го консултираме членството“, рече Трајковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button