ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законите за Бехтел и Енка се доставени до претседателот на потпис

Додека владејачките партии го поздравуваат вчерашното усвојување во Собранието на петте законски измени кои произлегоа од договорот со „Бехтел-Енка“ за изградба на коридорите, опозицијата негодува. Претставници на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека изгласаните закони се штетни за граѓаните и дека една власт која себеси се прокламира за социјалдемократска не требало да овозможи зголемување на работните часови од 40 на 60 во текот на работната недела.

Од друга страна, од СДСМ соопштија дека сега веќе е отворен патот за побрза и поевтина изградба на коридорите, а од ДУИ дека мнозинството пратеници ставило крај на тенденциозната блокада на опозицијата. Инаку, сега законите се веќе испратени до претседателот Стево Пендаровски, кој неодамна истакна дека Уставниот суд претходно веќе донел одлука, изјаснувајќи се против 60 работни часа во неделата.

Дали претседателот ќе го потпише указот за петте закони, меѓу кои и за Законот за работни односи, ќе се знае во наредните денови. „Во следните денови законите ќе бидат разгледани од претседателот и ќе биде донесена одлука дали и кои укази ќе бидат потпишани“, информираа од Кабинетот на претседателот. Одговорајќи на новинарско прашање, премиерот Димитар Ковачевски рече дека нема да ги прејудицира одлуките на претседателот на државата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button