МАКЕДОНИЈА

Заменик-министерот за локална самоуправа од редовите на ДС поднесе оставка од функцијата

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски-Жоро, кој доаѓа од редовите на Демократскиот сојуз, поднел оставка од функцијата и ја доставил до премиерот Димитар Ковачевски, информира за „360 степени“ лидерот на ДС, Павле Трајанов.

Ваквиот потег на Димитровски доаѓа по вчерашната одлука на партиските тела на ДС, партијата да ја напушти владината коалиција и да премине во опозиција.

ДС има една директорска позиција во јавно претпријатие, односно во „Службен весник“ и согласно партиската одлука и тој треба да поднесе оставка од функцијата.

„Одлуката е сите носители на функции од нашата партија да си поднесат оставки“, изјави Трајанов за „360 степени“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button