ВЕСТИЗДРАВСТВО

Започна штрајкот на вработените во Фондот за здравство

Вработените во подрачните единици на фондот за здравствено осигурување стапија во штрајк. Се работат само итните предмети, а за прием на документи ќе има само по еден вработен во подрачните единици.

Синдикатот тврди дека владата бара намалување на платата на вработените за 21 процент со што, според нив, ќе бидат засегнати 831 вработен во фондот.

– Револтот кај вработените е огромен. Штрајкуваат и оние кои се во други синдикати. Да останат оние плати што ги добивме со декемвриската. Не бараме ништо повеќе, ами само да ни останат платите во висина како што беа со декемвриската. Штрајкот нема да престане, дури и по цена да не земат плата, како што е сега случајот. Во моментов, вработените во ФЗО немаат плата, рече претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски.

Од министерството за финансии пак, велат дека не се работи за намалување на платите, туку дека се прави обид за нивно повторно зголемување кое ќе има фискални импликации врз буџетот на фондот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button