ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Куршум пронајден во дворот на Таравари

Пред домот на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска е пронајден неиспукан куршум. Тој бил оставен пред вратата, а го пронашол Таравари кога утрово околу 8 часот излегувал за на работа. Случајот е пријавен во полиција.

„Денеска (05.02.) во 09:34 часот, Ј.Ј.(42) од Гостивар во СВР-Тетово пријавил дека пред влезната врата од куќата на А.Т.(50) во Гостивар, е пронајден еден куршум од автоматско оружје калибар 7,62. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, се вели во соопштението на СВР-Тетово.

Засега нема детали, а извесно е дека крим-техника од МВР ќе врши истрага и ќе се проверуваат трагите.

Ваквиот настан се случува откако лидерот на Алијансата на Албанците јавно објави дека неговата пратија треба да се приклучи на опозицискиот блок.

Од друга страна поранешниот лидер на паријата Зијадил Села, синоќа изјави дека не се согласува со ставот на Таравари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button