ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Златарите ,,тријат,, раце пред сезоната на свадбени прослави

Летната сезона со нетрпение ја очекуваат оние кои планираат да ги организираат своите венчавки. Уште повеќе, ја очекуваат бизнисите како што се: рестораните и златарниците. Златарите ги наполнија излозите за да ги привлечат оние кои ја почитуваат традицијата. Традицијата за купување злато продолжува да не се губи и покрај економската криза која цвета во секој сектор. Оваа традиција е уште поизразена во полошкиот регион, во градовите како Тетово, Гостивар или Кичево. Оние кои се побогати, невестите ги „покриваат“ со злато. Амет Брава, кој со овој бизнис се занимава 17 години, вели дека во однос на претходните години желбата за купување е иста, но не и откупот, бидејќи според него последните две-три години цената на златото е многу зголемена.

„ Многу е, разликата во грамови е најмалку 10 евра. Има многу заинтересирани, но нема многу купување. На пример, за свадба купуваа 300-400 грама, сега купуваат 70 грама, 80 или најмногу 100 грама. Гостивар, Струга, Кичево, Тетово земаа потешко злато. Овде во Скопје почнаа да не купуваат многу“, изјави Амет Брава, Златар во скопската чаршија

Сепак, златарите се оптимисти дека ова ќе биде профитабилна сезона за нив, велејќи дека сè уште се опоравуваат од економските последици што ги остави пандемијата.

“Тој што инвестира во злато ќе има повеќе капитал, бидејќи златото има нагорен тренд. Златото ретко се случува да падне. Во повеќето случаи има зголемување. Но се сменија навиките на генерациите . Порано беше обичај, доаѓаше домаќинот со ливче, што му го напишеле дома за што има потреба и работата завршуваше пократко и побрзо. Сега младите имаат повеќе избор“, изјави Неџмедин Буши- претседател на златари

Свадбениот паричник се празна и за фустани, без разлика дали се оние за венчавка или традиционалните, за оркестарот, за ресторанот и за украсувањето. Сето ова чини илјадници евра. /Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button