ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Значително се зголемува бројот на заболени од рак на дојка

Зорица Хаџиевска двапати преживеа рак на дојка. Првично ракот кај неа се појавил на млада возраст во десната града, додека 18 години подоцна, по целосното закрепнување, ракот повторно се појавил во другата дојка. Во месецот на подигнување на свеста за ракот на дојката, преку својата историја, ја пренесува пораката до сите засегнати лица дека доколку дијагнозата и третманот се навремени, оваа болест може да се спречи и излечи.

Онкологот Илир Исмаили вели дека во последниве години има зголемување на заболените од рак на дојка.

  „Во Македонија имаме дијагностицирани 650-750 нови случаи. Ова ги вклучува сите фази на рак на дојка од првата фаза на болеста до четвртата фаза. Секој ден доаѓаат кај нас нови пациенти, секој ден имаме по 10-12 нови пациенти кои се појавуваат за да добијат соодветен третман за оваа болест. Во однос на моменталната состојба со „Ковид“ и поврзаноста на ситуацијата со нашите пациенти работевме постојано, немавме никакви прекини бидејќи малигните заболувања се многу ранливи болести и емоционални и семејни и овие пациенти се многу повнимателни отколку другите пациенти кои имаат други болести “.

Ракот на дојка најчесто се јавува кај жените, но мажите не се исклучени од оваа болест. Ракот на дојка може да се појави на која било возраст, но повеќето на возраст над 50 години. Во светот, секоја година се регистрираат 2,3 милиони нови случаи на рак на дојка, при што 2% од случаите се мажи.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button