ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„11 Октомври“, Пендаровски не го спомена бугарскиот фашизам

С. Македонија денеска ја одбележува 80-годишнината од почетокот на Народноослободителното востание. На главната свеченост за 11 Октомври на Могилата кај Прилеп, претседателот Стево Пендаровски изјави дека доколку Македонците не биле дел од антифашизмот, денеска немаше да имаат своја држава. Во својот говор, тој никогаш не го спомена бугарскиот фашизам кој е актуелен во споровите со Бугарија. Наместо тоа, Пендаровски рече дека востанието во неговите редови имало разни антифашистички струи, без етнички и верски разлики.

Манифестација и говори имаше и опозицијата која ја обвини Владата за нарушување на достоинството на оние кои се бореа за државата и националното достоинство.

На Могила кај Прилеп 11 активисти на Левица застанаа пред местото каде што државните делегации требаше да положат цвеќе. Поради тоа, функционерите, па и самиот премиер Заев мораше да оди одоколу за да стигне до местото. При тоа, дошло и до размена на вербални провокации меѓу групите.

А, во Собранието во Скопје, државната награда „11 Октомври“ за животно дело ја добија филологот Атанас Вангелов, академик Павле Кузмановски, актерката Бедија Бегова и политикологот Махи Несими. Во име на добитниците, академик Кузмановски рече дека оваа награда е голема одговорност, а Несими наведе дека властите треба да размислат за поголем буџет за науката.

„Со 0,1% од буџетот за развој на науката, населението нема иднина. Затоа јас ја повикувам политиката да размисли и за развојот на науката.“

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button