ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски до Брисел: Рок за прием на Македонија во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски побара од Брисел да изготви временска рамка за преговорите за членство со Унијата. Според него, само ако постои рок, за завршување на преговорите во 2030 година, целта ќе може да биде постигната. Говорејќи на Самитот на европските социјалдемократи во Виена, Ковачевски исто така порача преговорите да се задржат на исполнување на критериумите.

„Унијата не смее да дозволи нови блокади. Очекувам од Европската унија да го следи прогресот на мојата земја и нејзиниот придонес, а да не дозволува уцени од било кого во процесот. Ајде да зборуваме за критериумите и нивното исполнување, затоа што кредибилитетот на Унијата на Балканот се гледа преку примерот на Северна Македонија“, рече премиерот Ковачевски.

Ковачевски го коментираше и однесувањето на опозицијата. Премиерот вели дека популизмот расте, а ВМРО-ДПМНЕ и Левица се борат за крајно-десните гласови.

„Европската унија мора сериозно да ги земе предвид опструкциите од опозицијата, во намерите да се загрози европскиот пат по секоја цена, од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Блокадите на Парламентот и на демократските процеси за прогресот кон Европската унија се блокади на европските вредности. Партиите од Европската народна партија не смеат да бидат неми набљудувачи“, додаде Ковачевски.

Премиерот кажа дека нè очекува процес на уставни измени за внес на Бугарите, Хрватите, Црногорците и Евреите во Преамбулата на Уставот, по што ќе следуваат нови тешки одлуки за реформскиот процес, па, како што додаде, Европската унија потоа ќе треба да испорача.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button