ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агелер: Корупцијата ја држи земјата назад

Агелер: Корупцијата ја држи земјата назад

Американската амбасадорка Анџела Агелер порача да се зајакне борбата против корупцијата. Таа вели дека земјава иако чекори на патот кон Европската унија, корупцијата продолжува да го кочи напредокот, го забавува економскиот раст, но воедно и ги поттикнува талентираните млади луѓе да бараат можности во странство.

„Борбата против корупцијата е круцијална, како што на сите ви е познато. Затоа што корупцијата, во било која нејзина форма, е рак, кој ја држи земјата назад од економски, социјален, образовен и структурен успех. Ние знаеме дека можете во борбата да успеете“, рече Анџела Агелер – амбасадорка на САД.

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека се согласува со Агелер. По неговата вчерашна средба со амбасадорката, тој денеска најави дека следува засилена соработка со американските институции против перењето пари, но воедно упати и повик до граѓаните.

„Ги поттикнувам сите, коишто се соочиле со одредени криминални и коруптивни практики, веднаш да ги пријават до сите надлежни институции кои се задолжени за тоа и да одлучуваат судските и обвинителските органи согласно со закон во рамки на своите надлежности“, изјави Димитар Ковачевски – претседател на Владата.

Во однос на пораката на Агелер и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека економскиот раст зависи од корупцијата. Според него, поради оваа појава инвеститорите немаат доверба, што води и до помалку пари во буџетот.

„Криминалот и корупцијата се причина поради која немаме добра економија, а немаме добра економија зашто инвеститорите не веруваат, бидејќи има многу криминал и корупција и не инвестираат свои пари и домашни и странски инвеститори“, нагласи Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, на одбележувањето 30 години од парнерството на УСАИД и земјава, амбасадорката Агелер повтори дека постојат бројни предизвици, но дека САД ќе продолжат да нудат поддршка за реформите./Alsat.mk

Лука Андреев

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button