ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети се сретна со амбасадорот Вуцас: Австрија ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денес се сретна со амбасадорот на Република Австрија, г. Георг Вуцас.

На средбата беше изразена силната поддршка на Република Австрија за европските перспективи на Република Северна Македонија, додека се поздрави и новата динамика на преговорите меѓу Скопје и Софија за изнаоѓање заедничка точка до финализирање на еден конечен договор и добивање на датум за одржување на првата меѓувладина конференција.

Ахмети истотака му се заблагодари на амбасадорот Вуцас за пријателската поддршка што австриската држава и ја дава на нашата земја на сите можни области, како стратешко-економски партнери укажувајќи дека билатералните односи меѓу Скопје и Виена треба да се продлабочат и дополнително да се унапредуваат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button