ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Алијанса му врти грб на ВМРО?
Координаторката на пратеничката група на Алијанса за Албанците, Илире Даути, навести дека партијата што таа ја претставува не ја поддржува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на Собранието.
„Право на секој политички субјект е да гради своја стратегија на дејствување. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ секако постапи во оваа насока, како што има право и Алијанса за Албанците да изгради сопствена стратегија на дејствување, како што дојдовме денеска во Собранието да воведеме два предлог-закони во собраниска процедура“, рече Даути.