ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кадарот на Алтернатива е прифатлив

Новинар Адриан Керими

Коалициските партнери СДСМ -Д УИ ги поздравуваат имињата предложени од Алтернатива како носители во следниот владин формат. СДСМ очекува предложените имиња да покажат посветеност и одговорност за надминување на енергетската, економската и здравствената криза.

„Очекуваме сите предложени со преземање на јавни функции да бидат посветени, чесни и одговорно да ги водат институциите во интерес на граѓаните. Се соочуваме со предизвици кои бараат неуморна работа, посветеност и одговорност за полесно да ја надминеме светската енергетска и здравствена криза, но и да го подобриме животниот стандард”, велат од СДСМ

Од ДУИ оценуваат дека Алтернатива покажала храброст преземајќи одговорност да раководи со Здравство и со МЕПСО токму во времето кога двете сфери се соочуваат со криза.

„На парламентарното мнозинство му е потребна стабилност во услови на разговори со Бугарија, енергетските и здравствените кризи, така што и Алтернатива и другите пратеници се добредојдени да дадат конструктивен придонес. Да преземеш одговорност да раководиш со две институции меѓу двете кризи е храброст и им посакуваме успех во овој предизвик во кој сме сите заедно”, велаат од ДУИ

Алтернатива синоќа на седница на Централното собрание ги утврди имињата на носителите на функции во Владата. Како што претходно објави Алсат, партијата на Африм Гаши ги официјализираше и имињата на замениците министри и директори во јавните претпријатија и агенциите.

Адмирим Халити, министер за информатичко општество
Беким Сали, министер за здравство
Џемаил Чупи, министер без ресор за Дијаспората
Лулзим Алиу, заменик министер за образование
Даил Лучи, заменик министер за култура
Абдилшикир Абедини, заменик-министер за земјоделство
Хисни Исмаили, потпретседател на Собранието
Орхан Муртезани, директор во МЕПСО
Амир Елези, директор во Клиничката болница во Тетово
Дритан Беџети, директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување
Блерим Абази, директор во Управата за матични книги
Мубекир Палоши, директор во АД Железници- Транспорт
Беким Емини, директор во Агенцијата за странски инвестиции
Амир Билали, заменик директор во Агенцијата за млади и спорт

Во среда се очекува премиерот Зоран Заев да поднесе оставка до Собранието. На првата седница законодавецот треба да соопшти оставка на Владата и да го отвори патот на роковите за нов премиер и ново парламентарно мнозинство.

ВИЗАРД- член 90 од Уставот
„Претседателот на Република Македонија има должност во рок од десет дена од денот на конституирањето на Собранието да му го довери мандатот за формирање на Влада на кандидатот на партијата, односно партиите кои имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот ја доставува програмата до Собранието и го предлага составот на Владата. Владата на предлог на мандатарот и врз основа на програмата ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“.

Мандатот за новото мнозинство ќе го има новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. Постапката за избор на новата Влада се очекува да заврши до крајот на јануари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button