ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Амбасадорот на Македонија во Казахстан зборуваше за АЛСАТ

Амбасадорот на С. Македонија во Казахстан, Сали Лимани во изјава за Алсат денеска соопшти дека сите наши граѓани кои во моментов се наоѓаат во Нур-Султан, Алмати или во други градови каде што има немири во последниве денови, се добро и безбедни. Лимани додаде дека во последните два дена има редовен контакт меѓу дипломатското претставништво во Нур-Султан и граѓаните.

„Сите се добро и на безбедни места. Контактиравме најмалку два пати на ден за време на немирите во Казахстан, односно во Алмати. Амбасадата контактираше и со нивните семејства во Северна Македонија во време кога тие не можеа да стапат во контакт со своите роднини во Казахстан поради прекин на интернетот.“

Неофицијално се дознава дека во Казахстан во моментов има околу 30 наши државјани, број во која е вклучен и дипломатскиот тим на амбасадата. Од МНР велат дека помош побарале двајца граѓани.

„Досега само двајца наши граѓани се обратија до нашата амбасада за полесни ситуации, на чие барање веднаш е одговорено; но ниту едно од лицата не е во опасност. Остануваат во сила препораките до граѓаните на Северна Македонија да не патуваат во Казахстан, а оние кои моментално се таму да не ги напуштаат просториите и да избегнуваат собири на јавни места поради влошената безбедносна состојба. Исто така ве известуваме дека дипломатскиот персонал во нашата амбасада во Нур-Султан не е загрозен.“

Во големите градови како Нур-Султан, Алмати и Шимкент, телефонските и интернет врските се прекинати со цел да се смири ситуацијата. Многу роднини на наши граѓани не можеа да стапат во контакт со нивните блиски, но од амбасадата велат дека биле во постојана комуникација и оти наскоро се очекува враќање на редовната комуникација. Освен од С. Македонија, во Казахстан во моментов има и државјани од Косово, Албанија и Србија.

Адријан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button