ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Австрискиот претседател бара европски стандарди во Законот за игри на среќа

Иако Владата стави европска ѕвезда, австрискиот претседател Александар Ван дер Белен во Скопје и порача на Владата дека Законот за коцкање треба да биде согласно европските стандарди. За еден ваков чувствителен проблем, според Ван дер Белен, Собранието треба да го најде вистинскиот пат.

„Мислам дека е легитимно да се зборува за заштитни мерки за прашања кои ги загрижуваат граѓаните. Ова е чувствителен проблем, кога станува збор за тоа кој влегува, каде се локациите и други работи. Не разговаравме со претседателот… едно нека е јасно, мора да се спроведат европските стандарди. Сигурен сум дека вашето Собрание ќе го најде вистинскиот пат“, рече Ван дер Белен.

Претседателот Стево Пендаровски побара Владата да достави нов предлог без знамето на ЕУ. Шефот на државата вели дека за тоа дали законот треба да се изгласа или не ќе произлезе од јавната дебата.

Пред австрискиот претседател, предлог-законот за игри на среќа го критикуваше и австрискиот амбасадор. Иако предлогот става акцент на дислокација на казината и удвојувањето на цената на лиценците, всушност во деталите на предложените одредби се крие отворање на патот за нови инвеститори во земјава и проширувањето на казино индустријата. Сегашниот предлог овозможува влез на нови инвеститори, кои неофицијално според информациите на Алсат се бизниси од Србија чија цел се индустријата за ВЛТ апаратите. Според досегашните гласини, тоа одредени луѓе во власта го прават за тесни интереси. Нарушувањето на работната сигурност и соработката меѓу компании од Македонија и Австрија беше тема на разговор денеска на средбата меѓу двете стопански комори од Скопје и Виена.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button