ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автобуси возат со нeсиправни сопирачки и уреди за управување

Сите автобуси во земјава се под лупа на полицијата. МВР контролира дали автобусите кои сообраќаат, а превезуваат патници, се технички исправни.

Само вчера во контрола од три часа полицајците откриле 63 технички неисправни автобуси и кобмиња. Од нив 31 возило имало неисправена кочница, на две возила не им работел правилно воланот. Проверките биле во Скопје, Охрид, Тетово и Штип. МВР најави санкции за превозниците кои пуштиле во сообраќај неисправни возила.

„Констатирани се неисправности на уредите за управување, уредите за запирање, неисправности на светлосно – сигналните уреди, неизвршени периодични технички прегледи кои се задолжителни на секои шест месеци, непоседување на задолжителната опрема. За констатираните неисправности согласно законските прописи се изготвени прекршочни платни налози за возачите, а за правните и одговоните лица поднесени се барања за поведување на прекршочна постапка“, велат од МВР.

Приватните превозници контролите на МВР ги оценуваат како упад во работата, бидејќи, како што велат од здружението на приватни превозници „Слобода превоз“ полицијата автобусите ги исклучува додека се во сообраќај со патници. Првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски вели дека во вакви случаи граѓаните се принудени да чекаат друг автобус, кој или ќе биде преполн со патници или и тој ќе подлежи на итна техничка проверка. Јовановски уврува дека автобусите под „Слобода превоз“ се исправни.

„Се трудиме да бидат во таква форма, бидејќи целото време и самите превозници прават контроли на возилата и еве сега овие контроли докажаа дека од тие возила за коишто соопшти МВР дека имале одредена неисправност, нема возила на „Слобода превоз“, рече Ленин Јовановски, здужение на приватни превозници „Слобода превоз“.

Ваквите чести контроли на полицијата доаѓаат на само една недела по строатната несреќа во Бугарија во која загинаа 45 луѓе. Автобусот на „Беса Транс“ немал дозвола за да превезува патници во земјава, но и надвор од неа. Сепак тој автобус изглегол од границата на Македонија повеќе од 100 пати.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button