СПОРТФУДБАЛ

Бешикташ го смени и 6-иот тренер ова сезона!

Tурскиот Бешикташ најави разделба со поранешниот селектор на Португалија и Полска, Фернандо Сантош. Сантош, кој беше назначен во јануари, го остава 16-кратниот шампион на четвртото место во турската Суперлига со 48 бода, дури 36 зад водечкиот Галатасарај.

Сепак, во последните пет натпревари тимот не успеа да оствари ниту една победа со Сантош и токму тоа е причината за неговиот отказ.

Ако се сметаат и привремените тренери, Фернандо Сантош е шестиот тренер на тимот за оваа сезона. Бешикташ ја започна сезоната со Французинот Валериен Исмаел, потоа се наредија Шенол Ѓунеш, Бурак Јилмаз, Риза Чалибај, Сердар Топрактепе и сега Фернандо Сантос.

Сепак, со ниту еден од нив резултатите драстично не се променија, а во медиумите често се вовлекуваа информации дека одлуките се носат од зад сцената, блиски до раководството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button