СПОРТ

Ѓоковиќ елиминиран од Монте Карло со досега невиден рекорд

Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на мастерсот во Монте Карло, откако во полуфинале беше поразен од Каспер Руд по голема борба (4-6, 6-1, 4-6).

Српскиот тенисер освен што не се пласира во финалето, стана дел и од историјата, но во негативниот дел.

Руд стана првиот играч кој го победил светскиот рекет број еден во полуфиналето во историјата на турнирот во Монте Карло. Ова, воедно беше прв триумф на норвежанецот против Ѓоковиќ.

Најдобрите светски тенисери досега имаа 13-0 во битката за финале на мастерсот во Кнежеството Монако, но оваа серија сега е прекината. Ваков епилог односно пораз на првиот светски рекет никогаш не се случило откако сегашниот систем за рангирање е воспоставен во 1973 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button