СПОРТФУДБАЛ

Брера Струмица го именувa Бојан Круљ за шеф на стручниот штаб

Управата на ФК АП Брера Струмица за шеф на стручниот штаб го именуваше Бојан Круљ од Србија откако пред недела време спогодбено се разделија со италијанскиот стратег Валенти.

Круљ има 36 години и е млад и перспективен тренер. Има искуство во работата со млади категории во белградски Вождовац и Синѓелиќ, а како асистент тренер во сениорски тимови има работени во српските прволигаши Инџија и Вождовац.

Бојан Круљ како шеф на стручниот штаб ја предводеше екипата на ИМТ од Белград со која оствари одлични резултати и влезе во бараж за пласман во Супер лигата на Србија каде денес настапува овој клуб.

Тој има искуство и во Босна каде го предводеше тимот на Рудар од Приједор со кој на почетокот на оваа сезона направи одлична серија од шест победи и две нерешени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button