ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бројот на ново заразени со корона е намален, но можни се нови рестрикции

Намалувањето на бројот на позитивни случаи е резултат на рестриктивните мерки, велат експертите. Доколку се укинат мерките бројот на случаи повторно може драстично да се зголеми. Микробиологот Дукаѓин Османи оценува дека дури и ако процентот на заразени значително се намали, а бројот на вакцинирани се зголеми, мерките треба да останат во сила бидејќи не може да се предвиди појавувањето на нови мутации на вирусот.

„За среќа, има намалување на нови случаи и мислам дека на прво место, тоа е поради мерките коишто се во сила, особено мерките каде што во затворени места мора да се покаже потврдата за вакцинација. Без оглед на колективниот имунитет, со новите видови на вирусот заштитата не е како со претходните видови. Мислам дека колку повеќе мерки, толку подобро. Сега доаѓаат зимските месеци, циркулација и на други вируси, а влажноста дополнително го влошува здравјето и човечкото тело и имунитетот. Овие мерки мора да продолжат”.

Министерот за здравство во оставка, напиша на својот Фејсбук профил дека додека не се појави потреба ќе се применат дополнителни рестриктивни мерки.

„Во наредниот период може да се зголеми потребата за хоспитализации, што бара сериозен пристап и координација. Во моментов вирусот има широка зараза, ние сме во постојана комуникација со епидемиолозите, продолжуваме да ја следиме ситуацијата и сè додека е потребно ќе носиме нови мерки.”.

И покрај фактот дека бројот на инфекции значително се намали во јуни, во август варијантата Делта на вирусот забележа експлозија, исто како и бројот на смртни случаи. Вчера пак, Институтот за јавно здравје го објави неделниот извештај кој покажа намалување за околу 25% во споредба со претходната недела. Намален е и бројот на жртви и на извршени тестови.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button