ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бучковски: Терминот „заедничка историја“ не значи дека таа е бугарска

Поранешниот премиер Владо Бучковски, кој повеќе од една година е специјален претставник на македонската Влада за Бугарија, во разговор за Радио слободна Европа вели дека во Договорот за пријателство го има поимот заедничка историја, но не и тоа дека таа е бугарска, како што тврдат дел од бугарските политичари.

„Тоа не стои во договорот. Мислам дека ако правиме анализа што подразбира бугарската страна и што подразбираме ние под заедничка историја, тоа е и каменот на сопнување. Во овие изминати 12 месеци јас всушност се соочив во бројните формални и неформални контакти дека реално е дека еден од проблемите по потпишувањето на договорот во 2017 година е што почна различно од бугарска и од македонска страна да се толкува поимот заедничка историја. Мислам дека треба нова методологија и затоа сум оптимист дека ова што го навестува бугарскиот премиер Петков ќе биде излезното решение како побрзо да ја вратиме меѓусебната доверба, да ја интензивираме соработката и како крајна цел да ставиме послободен простор за заедничката историско-образовна комисија без политички притисок да ја продолжи својата работа. Мислам дека на сите ни е јасно дека не може да заврши со работа во следните шест месеци како што даде време бугарскиот премиер Петков како рамка, што мислам од наша позиција гледано нè прави дополнително оптимисти дека можеме работите што треба да ги работат комисиите да ги завршиме и пред тој рок од шест месеци“, вели Бучковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button