ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарите во земјава бараат да не се попушта додека не влезат во шенген зоната

Бугарските организации во Северна Македонија бараат вклучување на Бугарите во Уставот. Тие апелираат до бугарските власти да не попуштаат и да не го укинуваат ветото додека не се укинат визите за САД и Бугарија да биде примена во Шенген зоната.

„Апелираме до вас: не правете никакви отстапки по прашањето за нашата еднаквост. Тоа не може и не смее да биде предмет на преговори, а гаранцијата не може да биде празно ветување за неизвесна иднина. Уставната процедура за регистрација на македонските Бугари мора да започне веднаш и сега. Бугарите мора да бидат експлицитно, споменати меѓу другите делови на народите во Уставот на РС Македонија“,

 Заедничкото писмо на македонските бугарски организации од Скопје, Битола, Прилеп, Охрид и Кочани е испратено до бугарскиот претседател Румен Радев, до премиерот Кирил Петков, до претседателот на Народното собрание Никола Минчев и до пратеничките групи.

Набргу по формирањето на новата влада, бугарскиот премиер Кирил Петков ќе допатува во Скопје. Оваа посета ќе значи интензивирање на преговорите меѓу двете земји според новиот план со неколку работни групи кои според новата бугарска влада се чини ќе донесат резултати во рок од шест месеци од француското претседателство.

“Секако, позицијата што ја имаме и понатаму ќе ја браниме добро и ќе биде аргументирана, но освен ова, ние ја подаваме раката да започне конструктивен дијалог и да ја изградиме преговарачката рамка, да продолжиме со формирање на пет работни групи за кои веќе знаете“.

Париз пред извесно време изјави дека Европската унија не сака да бидат поделени Северна Македонија и Албанија во одлуката за почеток на преговорите. Такво нешто најави албанскиот премиер Еди Рама, доколку и по шест месеци од француското претседателство Бугарија не го укине ветото за Северна Македонија.

Fatlume Dervishi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button