ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Децата во Гевгелија имаат негативни тестови за ковид, допрва ќе се испитува за каква инфекција се работи

Тим од Детската клиника денеска оди во Гевгелија каде што заедно со тамошните лекари во Општата болница ќе испитува од каква респираторна инфекција заболеле 50-ина деца и бебиња во овој град.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска само го повтори она што и вчера го најавија од Министерството, бидејќи сѐ уште нема детали ниту за каква инфекција се работи ниту индиции што би можело да ја предизвика.

Тој денеска само рече дека тестовите за ковид-19 кај децата биле негативни.

Исто така, рече и дека нема пријавени вакви случаи во други градови.

Министерството за здравство вчера објави дека вкупно 50 деца и бебиња од Гевгелија во изминатиов месец побарале лекарска помош во локалната општа болница, со симптоми на респираторната инфекција не се типични за овој период од годината – односно самите инфекции кои се појавиле сега во топлиот период, се карактеристични за есен и зима.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button