ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Џеладин Мурати со критики кона власта за политизирање на образованието

Џеладин Мурати со критики кона власта за политизирање на образованието

Универзитетскиот професор Џеладин Мурати, вели дека слабите резултати на учениците на ПИСА тестирањето, се должат на недостатокот на современи текстови и програми. Во интервју за Алсат, тој вели дека недостасува методологија на пристап до меѓународните тестови, а исто така бара обука на наставниците.

„Експериментираме со училиштата кај нас. Ни велат дека сме направиле реформи, но реформите не се завршени, тие се делумни и немаат конкретни резултати. Во нашите училишта имаме образование каде сè уште доминира теоретскиот пристап, а недостасува практичниот дел. Не постои поврзаност помеѓу теоријата и практиката. Денес зборуваме за заглавено образование и не се соочува со предизвиците што ги нуди новото време, услови и систем“, изјави Џеладин Мурати, професор.

Еден од главните фактори за тешката состојба во образованието, според Мурати, е партизираноста на образованието, која според него најмногу им штети на самите ученици.

„Ако продолжи овој тренд на училишна партизираност, образованието ќе доживее катастрофа. Немаме квалитетно образование, немаме учебници што одговараат на возраста на учениците, имаме книги што не се совпаѓаат со реалноста. Ученикот носи торба која тежи повеќе од 20 килограми на грбот. А педагошките норми велат дека ташната на ученикот треба да биде 15% од неговата телесна тежина, но ако ги земеме книгите за да ги измериме сега, една книга има 1 килограм“, нагласи Џеладин Мурати, професор.

Мурати го коментираше и бојкотот на родителите македонци во Чашка поради паралелката со настава на албански јазик. Тој вели дека тоа е политичка игра .

„Ова не се политички игри туку се нешто повеќе од игри, тоа се политички одлуки на родителите кои не дозволуваат спроведување на еднаквоста на Албанците, не дозволуваат изедначување на албанскиот јазик, не дозволуваат изедначување на учењето на учениците во заедничките училишта. Училиштето во Чашка не е единствено, вака е во Идризово, во Тетово, во три училишта каде што македонските ученици учат во други училишта, зошто не сакаат да учат заедно со албанските ученици, а зборуваме за мултикултурализам во Македонија. Тоа значи дека политиката е број еден фактор кој може да придонесе ова прашање да се реши квалитетно, односно нејзино отстранување од образованието“, рече Џеладин Мурати, професор.

Вознемирувачки, според универзитетскиот професор Џеладин Мурати, е и фактот на зголемување на корупцијата во образованието.

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button