ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во пресрет на зимските месеци, дуќаните во Струга под клуч

Во пресрет на зимските месеци, дуќаните во Струга под клуч

Струга на зима е како секое помало место во Македонија. Бизнисите едвај преживуваат, а граѓаните велат дека како да се туристи па плаќаат повисоки цени преку цела година, а платите не им стигнуваат да ги задоволат основните потреби. Бројот на невработени во Струга е 2814 лица, од кои добар дел се млади, a се зголемува и бројот на висококвалификуван кадар кој е без работа.

„Тешко и многу потешко ќе биде, поубави денови тешко дека доагаат. Јас земам 23.000 пензија 110 евра одат за лековите. Замислете како можете да живеете.

„Порано со една плата можеше да живееш, сега 100 евра само за лековите одат“.

„Дуќани има многу, но помалку народ има.Луѓето немат пари затоа и се затворени“.

„Многу е тешко не можеме да се соочиме со цените. Секој ден се покачуваат. Треба повеќе да се инвестира затоа што Струга е туристички град, ни доаѓаат многу туристи од земјава и од странство. Треба повеќе грижа за чистотијата, да се гради нешто овде“.

„Цените се високи.Пензиите се мали,ако не живееш со син или ќерка да ти помогнат тешко да излезиш на крај.

И локалните продавачи велат дека работа има помалку за разлика од порано.Велат Струга масовно се празни, и оти не се живее само еден месец од печалбарите кога ќе дојдат на лето.

„Многу послабо е од порано, но сепак за леб вадиме, ако се работи чесно. Послабо е од повеќе аспекти”, изјави Тони Јосифисовски- локален продавач.

„Порано имаше многу луѓе, сега сите млади си заминаа, останаа само постарите. Младите бегаат во странство“, рече Лина Ѓузие-локален продавач.

„Иселувањето и економската ситуација го зема својот данок и овде во Струга.Се повеќе дуќани во струшката чаршија се затвораат или се издаваат под кирија.Младите масовно заминуваат во странство“, известува Мики Трајковски-новинар.

Цели села во струшко се полупразни, а ученици има се помалку. Инаку податоците од последниот попис се поразителни за Струга, која е меѓу трите општини во државата која изгубила најмногу население во последните 20 години, односно дури 20 посто од жителите заминале во странство. Денес во Струга живеат речиси 13.000 жители помалку, односно нивниот број е 50.980.Годинава во струшките основни училишта се запишале 77 првачиња помалку во однос на лани.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button