ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Решен е проблемот со учениците Албанци во Чашка

Решен е проблемот со учениците Албанци во Чашка

Решен е проблемот со учениците Албанци од прво одделение во Чашка. Тие веќе почнаа со настава на албански. Од друга страна, продолжуваат протестите на родителите Македонци поради отворањето на албанската паралелка во ова училиште.

„Јас сум Ајрулах. Денес ја научивме буквата А. Големата буква А, малата буква А, Авион. Ја научивме буквата А и многу сме среќни што учевме албански. За нас е многу полесно да учиме и математика на албански“.

Ајрулаху заедно со неговите шест соученици во прво одделение и наставникот Бесмир Џафери се првите кои пишуваат и почнуваат да учат албански во ОУ „Тодор Јанев“ во Општина Чашка, Велес. Во ова училиште наставата се одвива само на македонски јазик и покрај тоа што има 70 ученици Албанци кои во отсуство на настава на албански јазик принудени се да учат на македонски јазик од прво до деветто одделение.

„Еден ден кога заврши часот по албански јазик, еден ученик одеднаш рече: Наставнику, денес научивме многу работи“. Беа изненадени што ја разбраа целата лекција. Се насмеав и се сетив како се чувствуваат на македонски кога не разбираат ниту збор. Реков, вие учевте секој ден, но не сте разбрале, отсега верувам дека ќе разберат се и ќе се чувствуваат поудобно“, изјави Бесмир Џафери, наставник.

Според наставникот Џафери, одредени родители ја користат можноста да ги вратат учениците од второ во прво одделение за да учат на мајчин јазик.

„Дали сакате уште еднаш да се вратите во прво одделение? Да. Зошто? Сакам, затоа што е подобро албански отколку македонски. Знаеш ли нешто албански? Не, не знам албански, само македонски. Дали сакате да научите да читате албански? Да. Јас сум Ана. Многу е добро да читаш на албански јазик“.

Веќе две недели родителите Македонци протестираат пред училишната зграда и не им дозволуваат на нивните деца да следат настава поради отворањето на албанската паралела. Директорката Елена Николова рече дека надлежните институции ќе постапат согласно законот и ќе преземат мерки против родителите доколку продолжат да не ги праќаат децата на училиште.

Преку протестите жителите бараат и враќање на образовните овластувања на Општина Чашка, како и преиспитување на работата на директорот и Советот на родители.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button