ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција протестираше пред трговскиот центар Соравија

Албанската опозиција протестираше пред трговскиот центар Соравија

Денеска напладне од Европскиот Сојуз за Промени протестираа пред Трговскиот центар „Соравија“ во Скопје. Еден час го блокираа патот, обвинувајќи дека многу семејства ја напуштиле државата поради високиот степен на корупција, а главна причина се сопствениците на Соравија, односно раководството на дуи..

„Ова денеска му го оставаме на сопственикот на Соравија, како потсетување за сите оние семејства, кои тој и неговите соработници ги избркаа од своите домови. Целата јавност нека знае дека само од 2002 година досега од Северна Македонија се иселени над 300 илјади луѓе. Еве колку не чинеше богатењето на семејството на Ахмети и Груби. За да го запреме овој негативен тренд и овој егзодус, тука сме да предупредиме дека 8 мај 2024 година е последниот момент кога ќе го исцртаме нашиот европски пат не со бегање во Европа, туку со носење на Европа во нашата земја. Ние во ЕУ, корумпираните во затвор!“, изјави Бехар Емини, Европска сојуз за промени.

Иако протестот беше мирен, овој трговски центар беше обезбедуван од полицијата. Од МВР соопштуваат дека со самото тоа што организаторите го најавиле протестот, полицијата е должна да го одржува јавниот ред и мир. Присутните извадија транспарент на кој пишуваше: „За вас Соравија, Лотарија, Арберија, Еуровиа, за нас само Германија!“. Од ЕСП тврдат дека вистинскиот сопственик на „ Соравија“ не е неговиот внук, туку претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

„Како да не биде ваков падот и како да не биде ваков степенот на корупција, кога и самиот шеф на ДУИ, се шпекулира дека е вистинскиот сопственик на овој трговски центар кој вреди неколку милиони евра? Тој не е единствениот, ниту првиот, ниту последниот. Али Ахмети Соравија, е само симболичното име на корупцијата во Северна Македонија, и тој и неговите соработници се оние кои со својата корупција, нелегално присвојувајќи милиони евра од граѓаните, станаа вистински причинители на масовното иселување на нашите граѓани од земјата“, рече Бехар Емини, Европска сојуз за промени.

Во јуни годинава, внукот на Али ахмети, Дрин Ахмети, чија компанија е „Тор Индустрис“, заедно со албанската компанија „Пе-вла-ку“, го презеде во сопственост бизнис центарот „Соравија“. Од ВМРО ДПМНЕ, обвинуваат дека ова се само дел од парите на финансискиот криминал на дуи.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button