ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Џозеф – Однесувањето на Бугарија кон С. Македонија е сè, само не пријателско

Само граѓаните на оваа земја може да кажат што е закана за македонскиот идентитетот, тоа не може да го каже никој од страна, ниту ЕУ, ниту САД, изјави денеска професор Едвард П. Џозеф од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс од САД при неговата посета на Скопје. 1xbet.com

Професорот вели дека земјава има закана од Бугарија, која не ја признава македонската историја и македонскиот идентитет и со тоа го нарушува духот на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија.

„Договорот е за добрососедство, а однесувањето на Бугарија е сè, само не пријателско, дури и непријателско“, вели Џозеф кој учествуваше на меѓународна конференција посветена на украинската криза.

ЕУ и САД направија грешка и не ја ставија Бугарија на исто рамниште како што беше Грција во преговорите со Северна Македонија, додава тој. موقع مراهنات رياضية Споредувајќи ги договорите што Македонија ги направи првин со Грција, а потоа и со Бугарија за да се одблокира патот кон НАТО и ЕУ, Џозеф вели дека оние два договори не се на исто рамниште. Договорот од Преспа, меѓу Грција и Македонија е фер компромис, по што земјата стана членка на НАТО. Но Францускиот предлог со кој се тргна бугарското вето за членство на Македонија во ЕУ, не е тоа. العب واكسب Тој предлог и дава надредена позиција на Бугарија, а тоа исто е грешка на Европската унија, вели Џозеф.

„Сега Северна Македонија треба да ги праша ЕУ, и Франција и Германија и другите, и да побара афирмација на македонскиот идентитет, да го афирмираат и да го признаат македонскиот народ, македонскиот јазик и аспекти од македонската историја“, вели Џозеф.

Земјата сега треба максимално да се посвети на реформи, како владеење на правото, борба со корупција со што државата ќе се придвижи напред и ќе им се покаже на граѓаните дека е вистинско и дека е важно, додава Џозеф.

Тој денеска во Скопје учествуваше на Седумнаесеттата годишна меѓународна конференција за нови идеи на тема „Редефинирани приоритети: нови реалности по украинската криза“ во организација на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) во соработка со УНХЦР во Северна Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button