ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК чека „изим“ од Финансии за да набави гласачка опрема за проверка на отисоците

Измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои се отвори патот за употреба на терминали за проверка на отпечатоците од прсти на изборите се очекува да започнат да се спроведуваат во пракса. ДИК ја чека одлуката на Министерството за финансии за веднаш потоа да може да прецизира каква опрема ќе треба да обезбеди.

Даштевски вели дека во овој случај не служат искуствата на соседните земји затоа што секоја земја има свои карактеристики. ДИК ќе обезбеди 4.000 детектори за отпечатоци за време на таканареченото биометриско гласање на 3.480 избирачки места. За да функционираат, на овие уреди ќе им треба само напојување, а не интернет. Ако некој се расипе, веднаш ќе биде заменет со нов.

Постапката за јавна набавка може да трае и неколку месеци. Биометриското гласање, за време на кое гласачите ќе бидат идентификувани со посебен уред, се очекува да ги намали случаите на изборни измами, како што се двојното или повеќекратно гласање или гласањето за друг.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button