ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК го презеде избирачкиот материјал за вториот изборен круг

Државната изборна комисија утрово од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола го презеде доверливиот избирачки материјал што ќе биде користен во вториот круг од локалните избори.

Државната изборна комисија за вториот круг ангажира над 400 лица за техничка поддршка на избирачките места и надминување на проблемите со употребата на апаратите за отпечаток од прст, изјави Александар Даштевски, претседателот на ДИК.

„Сметам дека вториот круг ќе се реализира во најдобар ред и побрзо. Намалената динамика на избирачкиот процес на одредени избирачки места во првиот круг, предизвикана од новата технологија и употребата на апаратите за отпечаток од прст во вториот круг ќе биде подобрена за што ДИК спроведе дополнителна обука. Но, за вториот круг ангажиравме над 400 лица кои ќе ги има на гласачките места и ќе бидат задолжени за техничка поддршка и помош со цел да нема пречки во процесот на гласање“, изјави Даштевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button