ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Докторка извршила абортус и го препишала на друга пацинтка

Докторка од охридската општа болница, извршила абортус врз пациентка и случајот, го завела кај пациентка која воопшто не била бремена. Од болницата велат дека се постапува внимателно во случајот и оти се чека епилог од органите на прогонот, полицијата и обвинителството.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Ф.(60) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“. Таа, на 15.12.2022, во својство на доктор на едно одделение во општата болница во Охрид, извршила лекарска интервенција врз едно лице, по што интервенцијата ја завела со лични податоци од друго лице, а потоа со фалсификување на потписот од раководителот на одделението ја заверила интервенцијата“, велат од СВР, Охрид.

Иако настанот се случил во декември лани, истрагата сѐ уште е во тек, бидејки жената е недостапна.

„Кривичната пријава е примена и оформен е предмет во Основното јавно обвинителство Охрид, кое постапува и презема дејствија за испитување на настанот“, велат од ЈО.

Во меѓувреме 60-годишната докторка оди на работа.Таа и претходно била суспендирана од работа за друг случај. Против неа се водел и судски спор, кој го добила, па болницата и платила оштета од 1 милион денари и била вратена на работа.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button